Aвстрија се изјасни против забрзаното пристапување на Украина во Европската Унија, а австриската министерка за европски прашања, Клаудија Бауер, го критикуваше претседателот Володимир Зеленски, објави ДПА во саботата.

„Мојот впечаток е дека во последните неколку месеци, украинскиот претседател честопати привлекуваше внимание сакајќи да го диктира датумот за пристапување во ЕУ“, изјави Бауер за неделното издание на весникот Велт.

„Забрзаниот пристап по барање очигледно не е можен“. Таа објасни дека постои обврска внимателно да се разгледа можноста на ЕУ да прифаќа нови членови. „Пристапувањето на Украина, со своите 39 милиони жители и сосема поинаква земјоделска структура, значително би ја променило ЕУ“.

Таа, исто така, предупреди на опасноста од создавање „општество во два слоја“ како последица на пристапувањето. „Сите земји-кандидатки, вклучително и Украина, мора да ги следат истите правила и да го заработат пристапувањето преку свои напори“, додаде таа.

Зеленски сака да влезе во ЕУ до 2027 година.
ЕУ ги започна преговорите за пристап со Украина кон средината на јуни оваа година. Порано оваа година, Зеленски повика на пристапување кон ЕУ уште во 2027 година, и покрај раширениот скептицизам во некои европски земји.

ИЗДВОЕНИ