Белоруската тенисерка Арина Сабаленка, се најде во центарот на вниманието на турнирот во Мајами, но овој пат не само поради нејзините спортски резултати, туку и поради извонредното гастрономско искуство што организаторите и ВТА ѝ го подготвија.
По победата во осминафиналето и пласманот во четвртфиналето на престижниот турнир ВТА 1000, Сабаленка доби „Златен Глизи“ како подарок од организацијата на женскиот тенис (ВТА) – најскапиот хот-дог што се нуди како дел од понудата за кетеринг на турнирот на стадионот Хард Рок.
View this post on Instagram
Цената на овој специфичен сендвич е околу 100 долари, а високата цена е оправдана со употребата на ексклузивни состојки. Според организаторите, овој луксузен оброк се состои од колбас направен од премиум австралиско говедско месо „Вагју“, украсен со француски крем, висококвалитетен кавијар и јадлив златен лист.
– Моравме да ја изненадиме Арина со „Златен Глизи“ по денешната победа, бидејќи кој не сака вагју хот-дог со малку кавијар одозгора? – објави ВТА на своите официјални социјални мрежи, заедно со видео од тенисерка како го дегустира овој специјалитет.












