петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Разговорите меѓу САД и Иран во Исламабад овој викенд

Разговорите меѓу САД и Иран во Исламабад овој викенд

97

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денес изјави дека преговорите меѓу САД и Иран би можеле да се одржат уште овој викенд во Исламабад, со проширена агенда која, покрај нуклеарната програма, вклучува и ракети, регионални сојузници на Техеран и безбедносни гаранции.

Гроси, според „Кориере дела Сера“, оценил дека постои нова динамика во дипломатските напори меѓу Вашингтон и Техеран, по недели судири кои, како што навел, имале сериозни последици за иранската инфраструктура.

Според него, овој пат на маса ќе бидат и иранската ракетна програма, улогата на сојузничките движења на Исламската Република, како и безбедносните гаранции за Иран.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека иранските власти се согласиле да не развиваат нуклеарно оружје, Гроси рече дека не учествувал во тие разговори, но дека „се чини дека постои меѓусебно разбирање за клучните прашања“.

Зборувајќи за претходните контакти во Женева, Гроси истакна дека делегациите не биле блиску до постигнување договор во тој момент, и покрај, како што оцени, „одличната медијација“ од страна на министерот за надворешни работи на Оман.

Тој нагласи дека три недели војна ги промениле околностите и дека новите преговори би можеле да бидат „пофокусирани и поконкретни“, со можност за барање целосно прекинување на збогатувањето на ураниум.

ИЗДВОЕНИ