петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен 21-годишник кој усмрти пешак синоќа во село Марино

Уапсен 21-годишник кој усмрти пешак синоќа во село Марино

80

Вчера во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „500“ во населба Марино, Општина Илинден, патничко возило KIA со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (21), удрило во пешакот О.М. (52), двајцата од Марино.

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ