Од Општина Бутел известуваат дека започнала целосната реконструкција на големиот и на малиот паркинг на улицата „Костурска“, во населбата Скопје Север.

Оттаму велат дека со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север.
– Продолжуваат со реализација на ветените проекти, со посебен акцент на подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на сите населени места – наведуваат општинските власти.












