Изградбата на двата гасоводни интерконектори, со Грција и со Србија, ќе донесе значајни економски и енергетски придобивки за државата, истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека се очекува едниот интерконектор да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, додека другиот треба целосно да биде синхронизиран до крајот на 2028 година.

Според него, новата гасоводна инфраструктура ќе ја зајакне геостратешката позиција на Македонија и ќе отвори можности за инвестиции во производството на електрична енергија со природен гас. Мицкоски најави и можност за конверзија на термоелектраните од јаглен на гас, со цел зачувување на работните места и продолжување на производството. Тој информираше дека АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка за проектот, додавајќи дека наскоро очекува позитивни вести.

 

ИЗДВОЕНИ