Станува збор за современ, модерен и целосно инклузивен објект во кој има 30 кабинети и е со капацитет за 713 ученици. Вкупната инвестиција во него е 170 милиони денари.

– Практично, 50 и повеќе години децата учеа во супстандардни услови за разлика од она што може да се види сега: објект со навистина европски услови – потенцираше премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека сега останува само да се одржува и да се чува тоа.

Воедно, наведе дека остануваат уште некои детали: напролет да се зазелени околината, да се смени оградата, како и паркингот за работените. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, нагласи дека приоритет на оваа Влада е токму образованието и оти таа работи на подобрување на неговиот квалитет, но и на подобрување на инфраструктурата

 

Во населбата Ченто, денеска свечено беше пуштен во употреба новоизградениот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“.

На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, како и вработените и советниците од Општината.

Станува збор за современ, модерен и целосно инклузивен објект.

– Училиштето има 30 кабинети и е со капацитет за 713 ученици. Вкупната инвестиција во него е 170 милиони денари – истакна градоначалникот Стефковски.

Тој додаде дека образованието и понатаму останува во фокусот на делувањето.

– Интензивно  работиме на изградбата на нова училишна спортска сала во Железара, проширување  на капацитетите на училиштата „Његош“ во Јурумлери и „Крум Тошев“ во Трубарево, а за неколку дена ќе биде пуштена во употреба новата спортска сала во Црешево – информираше Стефковски.

Министерката Јаневска нагласи дека приоритет на оваа Влада е токму образованието и оти таа работи на подобрување на неговиот квалитет, но и на подобрување на инфраструктурата.

– За тоа зборува големиот број изградени училишта, спортски сали и терени, сè со цел да им овозможиме на децата подобри услови за подобар квалитет на образованието – изјави Јаневска.

Како што наведе премиерот Мицкоски, до пред некоја година на местото на училиштето постоеле само бараки уште од времето на земјотресот.

– Практично, 50 и повеќе години децата учеа во супстандардни услови за разлика од она што може да се види сега: објект со навистина европски услови – потенцираше Мицкоски, додавајќи дека сега останува само да се одржува и да се чува тоа.

Воедно, наведе дека остануваат уште некои детали: напролет да се зазелени околината, да се смени оградата, како и паркингот за работените.

Премиерот дополни дека продолжуваат и понатаму да градат.

– Оваа Влада работи на повеќе од 1.200 проекти заедно со општините, како резултат на децентрализацијата на средствата од централниот буџет кон општините – заклучи Мицкоски.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ