По повеќе од четири децении е реконструирана улицата „1558“, во населба Радишани и покрај, како што вели градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, сите проблеми со кои се соочиле.
– Не дозволив неквалитетна изведба на улицата и првиот изведувач беше стопиран и отстранет од работа. Сакам да им се заблагодарам на жителите на оваа улица за нивното разбирање и трпение, сè со цел да направиме квалитетна и функционална улица. Ова е уште едно децениско барање кое се реализира – истакна Костовски.
Улицата „1558” е со површина од 4.281 квадратен метар и должина од 658 метри.
– Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел – нагласи Костовски.
Проектот се реализира во соработка со Министерството за транспорт и врски.












