Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, одигра уште еден одличен натпревар и беше еден од најзаслужните за историската победа на Арис над Олимпијакос со убедливи 100:78, во Солун. Тој го заврши натпреварот со 19 поени, а додаде и шест асистенции.

Арис приреди вистинска сензација i првпат по 27 години успеа во иста сезона да ги совлада и Олимпијакос и Панатинаикос. Вакво нешто последен пат му успеало во сезоната 1999/2000.

Дополнително, солунскиот тим првпат по сезоната 1989/1990 постигна 100 поени против гигантот од Пиреја, кој важи за актуелен европски шампион. Најефикасен во победничкиот состав беше Мет Морган со 21 поен, додека значаен придонес имаа и Кем Бирч со 14 и Елајџа Лонг и Е. Џ. Лидел со по 12 поени.

Со овој триумф, Арис ја прекина неверојатната серија од 37 последователни победи на Олимпијакос во грчкото првенство.

Разликата од 22 поени воедно претставува најубедлива победа на Арис над Олимпијакос во ерата на професионалното грчко првенство. Историска вечер за солунскиот клуб, во која Ненад Димитријевиќ повторно покажа колку значи за него.

ИЗДВОЕНИ