Општина Центар го враќа сеќавањето за некогашното корзо во Скопје. По тој повод, за пензионерите, в четврток, со почеток од 19 часот, организира прошетка по некогашното скопско корзо, покрај Ристиќева палата, поранешниот хотел „Македонија“, „Кенан“, „Ванила“ и „Громби“, местата каде што се создаваа најубавите спомени.
– Ќе ве потсетиме на времињата кога најважно беше да видиш некого и да бидеш виден, кога еден дискретен поглед значеше повеќе од илјада пораки на мобилен, а попладневните прошетки беа вистински настан во градот – соопштија од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека вечерта ќе биде заокружена со игранка во свечената сала на училиштето „Димитар Миладинов“ (поранешно „Браќа Рибар“).
– Повелете на „Носталгија за корзо, сеќавање за едно убаво време“, настан што ќе ве врати во младоста – повикуваат од Општина Центар.












