понеделник, ноември 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Да не ви паднало на памет да ги штитите!“: Моника Зајкова бара...

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!“: Моника Зајкова бара осомничениот за нападот врз Сара да одговара за обид за убиство

0

Пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова, остро реагираше по случајот со претепаната 26-годишна девојка од Охрид, барајќи осомничениот да одговара за обид за убиство, а да се испита и евентуалната одговорност на лицата за кои се тврди дека му помагале.

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!!!!“, порача Зајкова во објава на Фејсбук, барајќи итно постапување на надлежните институции.

Таа смета дека случајот мора да добие посериозна правна квалификација и бара одговорност и за лицата кои, според сведочењата, му давале инструкции на осомничениот по нападот.

„Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање“, напиша Зајкова.

Таа нагласува дека за неа не е важно какви функции имаат членовите на семејството на осомничениот, ниту на која политичка партија припаѓаат.

„Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид!“, предупреди Зајкова.

ИЗДВОЕНИ