четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Отстранети диви депонии од Злокуќани и Бардовци    

Отстранети диви депонии од Злокуќани и Бардовци    

210

Службите на Општина Карпош задолжени за одржување на чистотата, интензивно и секојдневно работат на расчитување и на одржување на јавните површини.

Од локалната самоуправа информираат дека, во текот на минатата недела, службите го чистеле теренот во урбаните заедници „Злокуќани“ и „Бардовци“ на повеќе локации, при што било подигнато поголемо количество шут и ѓубре од неколку мини депонии.

– При секојдневните активности за чистење беа опфатени и дел од улиците и јавниот простор во овие населени места, со цел хигиената и чистотата да бидат на задоволително ниво за нашите жители – соопштија од Општина Карпош.

Оттаму додаваат дека ваквите акции за чистење на јавниот простор во општината се дел од секојдневните работни активности на службите за одржување на хигиената и во наредниот период етапно ќе се чистат и останатите површини.

 

ИЗДВОЕНИ