четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Елвир Мекиќ се враќа со уникатен  „Дијамант“ – спотот го сними на...

Елвир Мекиќ се враќа со уникатен  „Дијамант“ – спотот го сними на атрактивниот Козјак

34

По пауза од десетина години!

„Дијамант“ е мојот најнов музички подарок за мојата македонска публика. Сите тие, и по толку години молк, не ме заборавија, за што сум особено горд. Текстот за песната е мое дело, додека музиката и аранжманот ги напиша мојот другар Јован Јовановвели атрактивниот Елвир за весникот ВЕЧЕР

Беше еден од речиси најпопуларните македонски поп-изведувачи, но и автор на некои од слушаните песни. Потоа го снема „прекуноќ“, особено кога се крена прашина по македонскиот Избор на песна за Евровизија, таа година одржан на Скопско сајмиште, кога победи Даниел Кајмакоски.

Елвир Мекиќ, во меѓувреме, се ожени, стана татко и се пресели во Сараево. По повеќе од една деценија тишина, тој сега се враќа на македонската поп-сцена. Освен што го најавува скорешниот концерт на кој ќе пее заедно со својот долгогодишен соработник, но и пријател, Јован Јованов, сè уште обожаваниот Елвир Мекиќ е повторно на истото естрадно место од кое замина. Тоа подразбира и многу нови обожаватели, многу настапи, другарување и контакти со новинарите и со медиумите, без кои е незамислив шоу-бизнисот.

Секако дека тоа подразбира и нови песни. Од стара слава не се живее. Редно е да има нови хитови, по една таква голема пауза.  Елвир Мекиќ беше вреден, сними нова песна насловена како „Дијамант“. Неговиот сериозен кам-бек на македонската музичка сцена многу ветува. Песната ги има сите елементи да биде многу слушана, но дали ќе биде и голем хит, времето ќе го покаже тоа.

– „Дијамант“ е мојот најнов музички подарок за мојата македонска публика, но може да се каже дека е и подарок за дамите во пресрет на 8 Март. Сите тие, и по толку години мојот молк, не ме заборавија, за што сум особено горд. Текстот за песната е мое дело и низ текстот раскажувам за чувствителноста и зрелоста што ми ги донесе животот во изминатиов период. Музиката и аранжманот ги напиша мојот другар Јован Јованов. Сè на сè, да не бидам скромен, бидејќи скромноста и не е некоја доблест денес на естрадата, очекувам да се вратам таму каде што заслужувам да бидам на музичката сцена – вели Елвир за весникот ВЕЧЕР. Визуелниот дел од песната „Дијамант“ е прераскажан во видеото што се снимаше на атрактивниот Козјак. Таа локација, според Мекиќ, одлично се вклопува со песната. Режисер на видеото е Кристијан Теодоров.

А, девојките веќе на големо му пишуваат на Елвир, иако е подолго време во среќен брак. Пораките им се најразлични, од оние во кои му велат дека е сладок како бајадера до оние што го критикуваат, бидејќи ги оставил толку години без присуство на сцената. Очигледно дека копнееле по него, но радоста им се враќа. Како што споменавме, и со големиот концерт во арената „Борис Трајковски“. Музичарот сериозно се подготвува да им ги исполни желбите. Овој пат повпечатливо од кога било, но со истите искрени емоции и интерпретација. Впрочем, како што вели еден од неговите поранешни хитови “Ако времето е лек“. Токму така.  (Д. М.) фото: ФБ

 

 

ИЗДВОЕНИ