На улицата „Воин Драшкоци“ во населбата Хром се поставува атмосферска канализација на делница долга еден километар, со ширина на улицата од седум метри.
– Со овој зафат се решава долгогодишен проблем со одведувањето на атмосферските води и се подобруваат условите за жителите во овој дел од населбата. Инвестициите во комуналната инфраструктура се основа за поквалитетно и побезбедно секојдневие на граѓаните – соопштија од Општина Ѓорче Петров.












