Работата во зградите на судовите во Нови Сад денеска беше привремено прекината, откако беа добиени анонимни дојави за поставени бомби во објектите. Слични закани беа пријавени и за судовите во Белград и во Ниш.
Според неофицијални информации до кои дојде порталот „Еуроњуз Србија“, заканите биле упатени телефонски.
Првата дојава во судот во Нови Сад била добиена нешто по 11 часот, а набргу потоа пристигнале информации за слични закани и од Белград и од Ниш.
Според достапните информации, дојавата за судот во Ниш била примена во 12:45 часот. При досегашните проверки во тој град не се пронајдени никакви сомнителни предмети.
По добиените закани, на сите засегнати локации беа активирани стандардните безбедносни протоколи.
Екипи за противдиверзиона заштита во моментов ги прегледуваат судските згради за да ги проверат наводите и да утврдат дали постои реална опасност. Повеќе информации се очекуваат откако ќе завршат проверките.












