вторник, јуни 16, 2026
Дома СКОПСКА „Генералка“ во гимназијата „Орце Николов“ 

„Генералка“ во гимназијата „Орце Николов“ 

15

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ реализираше акција за генерално чистење во средното училиште „Орце Николов“.

Од претпријатието соопштија дека во текот на акцијата биле собрани и транспортирани 20 кубни метри претежно кабаст отпад од училишните простории и од дворот на гимназијата.

– ЈП „Комунална хигиена“ секоја година спроведува едукативни активности во оваа скопска гимназија, во чии рамки учениците се запознаваат со активностите на претпријатието и како да ја заштитат својата животна околина преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција – потенцираат од претпријатието.

 

 

ИЗДВОЕНИ