вторник, јуни 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Ребалансот на буџетот оваа недела на Влада, набргу и во Собранието

Ребалансот на буџетот оваа недела на Влада, набргу и во Собранието

1

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ребалансот на Буџетот да биде усвоен на седница на Владата оваа недела, по што ќе биде доставен во Собранието на понатамошна процедура.

– Очекувам оваа недела ребалансот да помине на владина седница и да се најде во Парламентот – изјави Мицкоски.

Во меѓувреме, Министерството за финансии ги започна консултациите и состаноците поврзани со подготовката на ребалансот. Според министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, документот ќе биде изработен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата. Меѓу клучните цели остануваат одржувањето на стабилни јавни финансии, фискалната консолидација, инфраструктурниот развој, енергетската транзиција и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.

Димитриеска-Кочоска посочи дека глобалната економија се соочува со сериозна неизвесност поради геополитичките тензии и конфликтите на Блискиот Исток, кои влијаат врз енергетските текови, инфлацијата и економскиот раст на светско ниво.

– Остануваме посветени на одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансии, со јасен фокус на зачувување на макроекономската стабилност, поддршка на економскиот пораст и реализација на капитални инвестиции –порача министерката.

 

ИЗДВОЕНИ