Македонскиот олимпизам доби нов историски момент, откако Зоран Јовановски стана прв македонски претставник на Зимските параолимписки игри во Милано и Кортина.

Јовановски настапи во дисциплината слалом (мажи, седење). Во тешките услови  ја мина патеката со време од 1:33,58 минути. Но, по пристигнувањето на целта неговиот резултат беше поништен поради промашена капија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paralympics (@paralympics)

Сепак, Јовановски треба да биде горд на својот настап. Македонија го доби првиот параолимпиец на едни Зимски параолимписки игри, па неговиот настап ќе биде испишан во нашата спортска историја.

 

ИЗДВОЕНИ