
Холандскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе, ќе биде еден од неколкуте фудбалери кои ќе си заминат од „Олд Трафорд“ за време на летниот преоден рок. Младиот напаѓач веќе побарал од својот агент да му пронајде нов клуб и тоа по можност истиот да се натпреварува во италијанската Серија А.











