Ноелија Катиљо Рамос (25) од Барселона почина со помош на евтназија во четврток вечер потврди болницата.
Ноелија била силувана во два наврати, еднаш од поранешно момче, а втор пат од страна на тројца младичи во 2022 година, по што се обидела да изврши самоубиство, пренесе „Скај њуз“.
Таа во 2022 година се обидела да изврши самоубиство со скок од петтиот кат од зграда, при што останува параплегична. Медицинските извештаи наведувале дека Ноелија поднесувала силни и хронички болки во грбот и нозете при што се одлучила на евтаназија.
„Сакам сега да заминам во мир и да престанам да страдам, точка“, изјавила Ноелиај во едно интервју за шпанска телевизија.
Живееше во дом за нега во Барселона, како што пренесуваат медиумите, тврела дека „од почетокот била многу јасна во врска со желбата да умре“.
„Никој од моето семејство не ја поддржува евтаназијата. Но што со сета таа болка што ја преживеав сиве овие години“, рекла Ноелија додавајќи дека нејзиниот свет бил „многу мрачен“.
Барањето за евтанзија првобитно ѝ било одобрено во јули 2024 година, но нејзиниот татко го блокирал.
Тој тврдел дека нејзината ментална состојба влијае врз нејзината способност за донесување одлуки, меѓутоа по речиси две години судски процеси, шпанскот Уставен суд ја одбил неговата жалба.
Тој се обраќал и до Европскиот суд за човекови права, но и од таму му била одбиено барањето за стопирање на евтаназијата.
Шпанија во 2021 година ја легализираше евтанзијата и потпомогнатото самоубиство на лице со неизлечива или тешка болест.
Законот е донесен и покрај противењето на конзервативните партии и на Католичката црква.












