Вкупно 107 болни или немоќни лица и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница што започна денеска во 7:00 часот, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).
Своето право на глас, како што велат од ДИК, може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор, а гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.
-Гласањeто денес започна во 7 часот утринава. Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и 5 меѓународни, прецизираат од ДИК.











