Додека синоптичарите сега за сега ни одблиску не го најавуваат летото, дури ни за првомајските празници, тоа не важи за познатата и сексапилна водителка, Марјана Станојковска… Таа, соблечена во предизвикувачки костим за капење, деновиве на еден отворен базен, но не во Македонија, туку подалеко од дома, во некои топли краишта, фаќа боја за нашето долго, жешко лето овде. Метеоролозите велат дека најтоплиот дел од годината допрва ќе го почувствуваме и во нашите краишта, како вистинско африканско, со температура и топли бранови преку 42 Целзиусови степени.
Ете, можеби затоа убавата водителка навреме се подготвува, за подоцна да не изгори на жешкото македонско сонце. И самата секогаш жешка во жешките пози, Марјана знае како да предизвика восхит кај посилниот пол. Во секој случај, едно големо браво за неа! (Д. М.)












