Жена на возраст од 57 години од Скопје била повредена од заталкан куршум додека се наоѓала во дворот од семејниот дом во Драчево. Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен синоќа во 21:45 часот во СВР Скопје од Поликлиниката Драчево, каде што жената со иницијали Ј.С. била донесена на преглед.
Според пријавеното, инцидентот се случил околу 20:40 часот. Додека била во дворот од семејниот дом, жената почувствувала удар во рамото. По извршениот медицински преглед било констатирано дека повредата настанала од заталкано зрно од огнено оружје.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот.












