Популарната балканска поп-пејачка, сè уште згодната, 76-годишната Неда Украден, која и ова лето, судејќи според последните информации, ќе пее во Македонија на познатиот „Охрид-фест 2026“, а на кој пред три години се закити со наградата „Хит на деценијата“, овој пат испрати многу емотивна семејна порака до сите нас:
– Среќен роденден на најдобриот зет! Ти благодарам што не само што си најдобриот татко на три деца, моите внуци и сопруг на мојата Јелена туку и мој голем пријател и поддршка, дури и мој обожавател! Уште долго да ни живееш во здравје, опкружен со твоите најмили, а животот да ти биде како песна. Од срце ти посакува, драг Пецо, твојата баба Неда, порача веселата пејачка која деновиве има многу успешни настапи и концерти по должината на јадранскиот брег. (Д. М.)












