вторник, август 4, 2026
Дома МАГАЗИН Сергеј Ќетковиќ, на 9 август, во Античкиот театар во Охрид: Пеам за...

Сергеј Ќетковиќ, на 9 август, во Античкиот театар во Охрид: Пеам за моите македонски пријатели!

7

Црногорскиот поп-пејач Сергеј Ќетковиќ, и покрај тоа што ужива голема популарност, повторно ќе ја освојува македонската публика. По успешниот минатогодишен концерт во Скопје, во Македонската филхармонија, овој пат, тој со своите хитови ќе се јави од балканскиот Ерусалим, од Охрид, на 9 август. Местото на настанот е култниот Антички театар. Концертот е во рамките на неговата актуелна балканска турнеја насловена како „Live tour 2026“. Добра причина за нови спомени, нови емоции и уште една незаборавна летна августовска ноќ.

 На сцената на Античкиот театар, која за секој пејач е некако чудна и необична, меѓу древните камени ѕидови и погледот кон Самоиловата тврдина, публиката ќе има можност да го доживее и овој концерт кој пред време, допира до секое срце.

На Ќетковиќ не му е првпат да пее во Античкиот театар, минатото лето тој остави силен музички впечаток. Нема сомнеж дека и овој пат ќе биде исто.

– За мене убавиот Охрид има некоја посебна енергија. Секогаш кога настапувам во тој град чувствувам дека пеам пред моите драги македонски пријатели, а не пред публиката. Сите луѓе ми се добредојдени. Сите ги сакам, како што знаеше да каже и саканиот Тоше Проески.                        Тој, Античкиот театар, е приказна сама по себе, место кое носи историја, емоција и некоја неопислива волшебност, вели секогаш добро расположениот Сергеј, пред охридскиот концерт, кој е во организација на продукциската куќа „Евентум“.  За оние што не знаат, да потсетиме дека Сергеј ќе ја пее и македонската песна „Градел Илија манастир“, која ја сними пред неколку години со браќата Тавитијан, а која му донесе голем интерес кај нашата публика.  (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ