Двајца државјани на Македонија се прогласени за „персона нон грата“ од страна на Министерството за внатрешни работи на Албанија, поради сомневања дека извршиле активности на штета на албанската држава, објавува „Топ ченел“.
Одлуката е донесена по предлог на антитерористичката единица на државната полиција, а подоцна е потврдена и од Министерството за внатрешни работи.
Лицата прогласени за „нон грата“ се Валон Бељан, познат и како Ваљон Бела, и Бекир Халими, двајцата државјани на Македонија.
Неколку недели претходно, Министерството за внатрешни работи ја прогласи и косовската државјанката Икбале Худути за „персона нон грата“, на која 15 години ѝ е забранет влез во Албанија, објави албанскиот медиум.












