Снимка од изјавата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, дадена во пресрет на вечерата на дописниците од Белата куќа во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што подоцна се случи пукањето, се шири на социјалните мрежи.
Во изјава за „Фокс њуз“, Ливит ги повика гледачите да го гледаат вечервашниот настан, велејќи дека Доналд Трамп ќе „донесе топлина“ и дека „ќе бидат испукани истрели“. Видеото почна да се споделува по пукањето поради контекстот на пукањето на вечерата што ја најавуваше.
Изразот „shots filed“ на англиски значи дека некој ќе упати остри вербални напади, провокативни коментари или политички навреди. Затоа изјавата на Ливит не се преведува како најава дека „ќе има истрели“. Во овој контекст, поприроден превод би бил дека Трамп „ќе излезе жестоко“ или дека „ќе има груби навреди“.
Видеото стана вирално откако се случи пукање за време на вечерата.
Инаку, во текот на вечерата, вооружен маж се упати кон салата каде што се одржуваше гала вечерта, пукаше од пушка и погоди еден агент во заштитниот елек. Осомничениот е уапсен, Трамп евакуиран.
🚨 JUST NOW: Karoline Leavitt calls on everyone to watch tonight because Donald Trump will bring the heat and there will be “shots fired”
LET’S FREAKING GO 🔥 pic.twitter.com/GMkccJ7qvw
— MAGA Voice (@MAGAVoice) April 25, 2026












