Феникс и официјално се пресели во понизок ранг, откако загуби на гостувањето кај Чаир со 76:63 и го потврди своето испаѓање од Суперлигата. Со овој пораз, тимот од Гази Баба се приклучи на Гостивар и Ангели во друштвото на екипи кои следната сезона ќе играат во понизок ранг, додека Работнички успеа да се спаси.

Гостите имаа ветувачки старт и во вториот период поведоа со 13:22, но потоа следуваше пад во играта. Чаир ја презеде контролата со серија од 9:0 за пресврт, а потоа и со дополнителни 13:0 создаде двоцифрена предност.

Феникс се обиде да се врати во последната четвртина и намали на само четири поени разлика, но домашниот тим остана стабилен и сигурно го приведе мечот до крај.

Најефикасни кај Чаир беа Билингсли со 22 поени и 12 скока, Саити со 21 поен и Тачи со 14 поени и 16 асистенции.

ИЗДВОЕНИ