Завршија градежните активности за реконструкција на улицата „Жил Верн“ во општина Кисела Вода. Со тоа, значително ќе се подобри сообраќајната безбедност и квалитетот на живеење во овој дел од општината.
Од Општината велат дека станува збор за зафат кој опфати целосна реконструкција на коловозот и тротоарите во должина од 215 метри и имајќи предвид дека оваа улица не била обновена повеќе од четири децении, нејзината ревитализација билс еден од приоритетите за подобрување на инфраструктурната мрежа која ги поврзува околните населби и клучните сообраќајници.
– По цели 40 години, улицата „Жил Верн“, со нов коловоз и безбедни тротоари, конечно го доби ликот што го заслужува. Работиме маало по маало, улица по улица, за секој наш жител. Ова е уште еден од низата проекти реализирани преку успешната соработка со Владата, за модерна и рамномерно развиена Кисела Вода – изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска -Трајкоска при увидот на градежните работи.
Проектот е реализиран во рамките на соработката со Владата за капитални проекти во општините (фаза 2), поддржани преку унгарскиот кредит и договорот со Министерството за транспорт и врски.












