недела, ноември 22, 2026
Дома СКОПСКА Мачето Мими е новиот миленик на Клиниката за психијатрија – се бара...

Мачето Мими е новиот миленик на Клиниката за психијатрија – се бара вдомувач

1

Од Клиниката за психијатрија, на „Фејсбук“ споделија дека имаат нов миленик кој бара вдомување. Станува збор за мачето Мими кое неодамна се појавило во Клиниката и веднаш почнало да се однесува како да е тука израснато.

– Таа е совршен миленик за да живее во домашни услови –има стекнати хигиенски навики, постојано преде, шири љубов и позитивна енергија. Затоа, решивме да ѝ најдеме соодветен дом – нагласуваат од Клиниката, наведувајќи дека прва доаѓа на работа.

Оттаму додаваат дека Мими е прочистена од надворешни и внатрешни паразити, стерилизирана е и вакцинирана, што значи дека е веднаш подготвена да замине во нов дом каде што ќе биде соодветно чувана и сакана.

– Доколку сте заинтересирани да ја вдомите Мими и да ги почувствувате позитивните промени што таа ќе ги внесе во вашето секојдневие, пишете ни порака! – повикуваат од Клиниката.

Оваа клиника, меѓу останатото, е позната и по љубовта кон животните, бидејќи сметаат дека дружењето со миленици и грижата за нив можат да придонесат за намалување на стресот, емоционална благосостојба и за одржување на секојдневната рутина.

Првиот миленик на оваа клиника е кучето Роџер, кој стана медиумски популарен како верен пријател и на пациентите и омилен меѓу вработените, а сега се појави и новото четириножно крзнено пријателче.

ИЗДВОЕНИ