Делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Сотир Лукровски, присуствуваше на свеченостите по повод одбележувањето на 21 Ноември – Денот на Општина Тиват, Црна Гора.
– Во рамките на празничната програма, делегацијата присуствуваше на свечената седница на Советот на Општина Тиват, на која учествуваа бројни гости и претставници од Црна Гора и на регионот. На седницата беа истакнати историското значење на 21 Ноември, развојните достигнувања на Тиват, како и плановите и визиите за неговиот иден развој. Делегацијата од Карпош положи свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци, оддавајќи почит на сите оние кои ги положиле своите животи за слободата – соопштија од локалната самоуправа.
Претставниците на Општина Карпош присуствувале и на повеќе протоколарни и свечени настани, меѓу кои традиционалната „Трка на мирот – д-р Иво Белан“, свеченото цветно дефиле низ градските улици, како и културно-уметничката програма во која учествувале локални музички и фолклорни ансамбли.
– Учеството на делегацијата претставува уште една потврда за пријателските односи и соработката меѓу Општина Карпош и Општина Тиват, како и за заложбата за нивно натамошно продлабочување преку меѓусебна почит, партнерство и заеднички иницијативи – нагласуваат од локалната самоуправа.












