Откако едно лице пријавило дека видело лав во истанбулскиот округ Саријер, надлежните служби започнаа потрага, а официјалните лица ги предупредија граѓаните да преземат мерки на претпазливост.
Екипите што го истражуваат теренот ги прегледале снимките од безбедносните камери во еден парк во округот и идентификувале животно за кое се верува дека е лавица, пренесува весникот „Јени Шафак“ (Yeni Şafak).
Дирекцијата за национални паркови и општинската полиција во Саријер започнаа операција за фаќање на животното, додека припадници на жандармеријата ги предупредија локалните жители да бидат внимателни, пренесува „Танјуг“.












