Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 19 до 28 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до осум, а максималните ќе достигнат до 26 степени.
Во понеделник ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во крајните југозападни делови каде во попладневните часови ќе има услови за повремен слаб дожд и појава на ретки грмежи.
Според прогнозите на УХМР, од вторник до крајот на работната седмица следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Во понеделник и вторник ќе дува слаб ветер од јужен правец, а од среда ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.



![[Интервју] Синоличка Трпкова: Светот бара автентични приказни, да создаваме уметност без желба да се допаѓаме](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/07/sinolicka-za-sajt-450x300.jpg)








