Севернокорејски хакери најверојатно стојат зад најголемата кражба на криптовалути во историјата, при што од „Бајненс“ („Binance“) – најголемата берза за криптовалути во светот – биле украдени 6,3 милијарди долари. Најголемиот дел од средствата исчезнале за само 20 минути, а новите сознанија на експертите за сајбер-безбедност укажуваат на хакерската група „TraderTraitor“, која е поврзана со севернокорејскиот режим, пренесува „Ројтерс“.
Американската фирма „TRM Labs“ наведува дека со висок степен на сигурност ја припишуваат одговорноста за нападот токму на оваа група. Компанијата „Chainalysis“ дошла до сличен заклучок, додека „Elliptic“ открила врски со претходни кражби, за кои исто така постои сомневање дека се дело на севернокорејски хакери.
Иако американските власти и „Binance“ сè уште официјално не го потврдиле идентитетот на напаѓачите, сознанијата од неколку независни безбедносни фирми укажуваат на истата севернокорејска хакерска група. „TraderTraitor“ веќе се поврзува со некои од најголемите кражби на криптовалути, вклучително и нападот врз берзата „Bybit“ во 2025 година, при што беа украдени приближно 1,5 милијарди долари.












