четврток, јули 2, 2026
Дома СКОПСКА За второ возило ќе се плаќа 500 денари, за трето 1.500

За второ возило ќе се плаќа 500 денари, за трето 1.500

62

Од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ објаснуваат дека ова не е мерка за ограничување, туку начин да се воведе баланс и одржливост во користењето на јавниот простор. Една од најважните промени, како што соопштија од претпријатието, е и новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како досега – по жител, картите отсега ќе се издаваат по станбена единица, односно по адреса. Според ЈП ПОЦ, токму досегашниот модел создавал сериозен дисбаланс во  користењето на јавниот простор. Оттаму велат дека во едно домаќинство со повеќе пријавени лица, можело да се регистрираат и повеќе возила под повластени услови, за бесплатно паркирање или паркирање со минимален надоместок, што дополнително го оптоварувало и онака ограничениот паркинг капацитет

 

Со последните одлуки на Советот на Општина Центар, на територијата на оваа општина се воспоставува нов систем на паркирање во услови кога бројот на возила во општина Центар постојано расте, а јавниот простор останува ограничен, прашањето за фер распределба на паркинг-местата станува едно од клучните урбани прашања за жителите.

Меѓу новините е тоа што секое домаќинство ќе има право на бесплатно користење повластен паркинг за првото возило, додека за второто возило ќе се плаќа месечен надоместок од 500 денари наместо 250, а за третото, 1.500 денари, наместо 1.200.

Од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ објаснуваат дека ова не е мерка за ограничување, туку начин да се воведе баланс и одржливост во користењето на јавниот простор.

Една од најважните промени, како што соопштија од претпријатието, е и новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како досега – по жител, картите отсега ќе се издаваат по станбена единица, односно по адреса.

 – Со новиот систем се очекува да се намалат злоупотребите, да се стимулира користењето на жителските гаражи и паркинг-места и да се овозможи поефикасно користење на постојните капацитети. Особено во населби како Дебар Маало, Капиштец, Буњаковец и потесното централно подрачје, каде што притисокот врз јавниот простор е најголем – соопштија од ЈП ПОЦ.

Оттаму објаснуваат дека ова не е мерка за ограничување, туку начин да се воведе баланс и одржливост во користењето на јавниот простор.

Според претпријатието, токму досегашниот модел создавал сериозен дисбаланс во користењето на јавниот простор.

Притоа, велат дека во едно домаќинство со повеќе пријавени лица можело да се регистрираат и повеќе возила под повластени услови, за бесплатно паркирање или паркирање со минимален надоместок, што дополнително го оптоварувало и онака ограничениот паркинг капацитет.

Паралелно со реформите, ЈП ПОЦ најавува дека средствата ќе бидат ставени во функција на инвестиции за обезбедување повеќе паркинг -на постојните капацитети, како и за модернизација и дигитализација на услугите, унапредување на инфраструктурата за паркинг и подобрување на контролата и наплатата.

Од претпријатието порачуваат дека крајната цел е создавање современ, функционален и долгорочно одржлив систем на управување со паркирањето, кој ќе овозможи повеќе ред, помал притисок врз јавниот простор и поквалитетно урбано живеење во Центар.

Според Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, со тоа, јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе можат да дојдат до паркинг-место во близина на својот дом, односно таму каде што е тоа најпотребно.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ