Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ги потсетува граѓаните дека акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.
Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење, а рокот за искористување на оваа можност истекува на 05.06.2026 година.
Од претпријатието ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.
По истекот на овој период одлуката престанува да важи.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ граѓаните можат да се јават на телефонските броеви: 02 3073 010 – Дежурно информативен Центар и 02 3240 300 во дирекцијата на претпријатието, како и на емајл адресите: [email protected] и www.vodovod-skopje.com.mk.












