EPA/TOLGA AKMEN

Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, верува дека скратувањето на мастерс-турнирот од сегашните 12 дена на една недела би било едноставно и ефикасно решение за намалување на работното оптоварување на тенисерите. Зверев посочи на проблемот со пренатрупаниот распоред, особено во текот на северноамериканската турнеја, кога најдобрите играчи практично поминуваат многу недели надвор од Европа.

– Ако сте врвен играч и играте сè, поминувате седум недели во Северна Америка. Тоа е многу долго време и затоа многумина врвни играчи избираат да не играат во Канада со години – рече Зверев.

Германецот верува дека мастерс-турнирите треба да траат една недела, како што е случајот со турнирите во Монте Карло и во Париз. Од 2025 година, дури седум од девет мастерс-турнири се играат 12 дена.

Оваа сезона, многумина врвни играчи веќе ги пропуштија турнирите поради одмор и повреди. Јаник Синер не играше во Канада, Новак Ѓоковиќ, исто така, го пропушти турнирот, додека Карлос Алкарас не играше поради повреда на зглобот.

– Едноставно е: мастерс турнирите нека траат една недела, а не две. Мислам дека е лесно решение за да играат најдобрите играчи почесто – рече Зверев.

ИЗДВОЕНИ