сабота, октомври 31, 2026
Дома СВЕТ Евакуирани жители во град во источна Англија: Екипа за деминирање врши увид...

Евакуирани жители во град во источна Англија: Екипа за деминирање врши увид во сомнителна куќа, приведени се две лица/фото

40

Полицијата денеска била повикана во куќа во градот Брентвуд, во округот Есекс (источна Англија), по пријава за расправија меѓу соседи. Жителите се евакуирани, а екипа за деминирање моментално врши увид во објектот, пренесува „Скај њуз“ (Sky News).

Од полицијата соопштија дека на самото место се уапсени еден маж и една жена.

По пристигнувањето, полициските службеници влегле во куќата и пронашле неколку помали предмети, кои сега се предмет на испитување од страна на експерти за експлозивни направи.

„Како мерка на претпазливост, додека трае оваа операција, жителите се евакуирани од домовите што се наоѓаат во радиус од 100 метри од полицискиот кордон“, изјавија од локалната полиција.

Засега нема дополнителни детали во врска со инцидентот.

Мајкл Пејџ (84), кој живее во близина, изјави за „Би-би-си“ (BBC) дека добил наредба да го напушти домот околу 11:30 часот.

„Ми тропнаа на врата и рекоа: ’Морате да излезете‘. Ништо друго не ми кажаа“. Тој додаде дека нема да му биде дозволено да се врати дома во следните неколку часа. Во меѓувреме, Вон Вејтс (57) бил со сопругата, изведувајќи го нивното куче, Поли. Тој раскажа дека Поли била затворена внатре во куќата цели седум часа.

„Бевме во набавка кога се случи тоа. Кога се вративме, не ни дозволија да пристапиме до имотот“, рече тој.

Драмата во Есекс продолжува, а полицијата ѝ се заблагодари на јавноста за трпението. Портпарол изјави дека најновите информации ќе бидат соопштени штом ќе бидат достапни.

ИЗДВОЕНИ