Пакистан ќе издвои 2.000 мегавати електрична енергија во првата фаза од национална иницијатива за рударење биткоини, како и за отворање центри за развој на вештачка интелигенција (ВИ).
Веста ја соопшти министерството за финансии на земјата.
Како што се наведува, тој дел од планот на Исламабад е да го искористи вишокот електрична енергија со која располага, пренесува „Ројтерс“.
Оваа иницијатива ја предводи владино тело, Пакистанскиот совет за крипто валити, а тоа е дел од поширока стратегија да се искористи вишокот струа, да се создадат работни места во секторот на високата технологија и да се привлечат странски инвестиции.
Пакистанскиот сектор за енергетика е соочен со предизвици, вклучувајќи ги и високите царини за струја и вишокот производствен капацитет.
Брзата експанзија на соларната енергија доведе до тоа се повеќе потрошувачи да се свртуваат кон алтернативни извори на енергија за да ги намалат трошоците, пренесува „Ројтерс“.
ИЗДВОЕНИ

ВРЕДНИ ФОТОГРАФСКИ СВЕДОШТВА ОТКРИЕНИ ПРЕД ЈАВНОСТА: Непознати кадри, а големи приказни за Теодосиј Гологанов, Петар Поп Арсов, Петар Чаулев…

Кој ќе ја гаси Пресека ако избие пожар: доброволци или професионалци?

Банките продолжуваат да ги дерат граѓаните, високите провизии удираат по џебот

Младите да останат во Македонија, да градат кариера и да основаат семејствa








