вторник, октомври 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сообраќајка со смртен исход во Ченто: Возач со „пасат“ прегазил 81-годишна жена...

Сообраќајка со смртен исход во Ченто: Возач со „пасат“ прегазил 81-годишна жена од Стајковци – починала на клиниките во Скопје

0

МВР информира дека вчера попладне во 18:19 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(62) од Скопје, удрило во 81-годишната Р.А. од с. Стајковци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.А., која од здобиените повреди подоцна починала во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

По насоки на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ИЗДВОЕНИ