понеделник, јуни 15, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Во пензија ќе се оди на 67 години

Во пензија ќе се оди на 67 години

251

Во Црна Гора стапија на сила измените во Законот за работни односи, со кои законската возраст за пензионирање ќе се врати од 66 на 67 години.

Според образложението на властите, целта на оваа мерка е да се приспособи системот на потребите на пазарот на трудот и да се одговори на барањата на синдикатите, кои учествувале во процесот на дискусија околу законските измени.

Измената на Законот предизвика реакции кај граѓаните, кои сметаат дека ваквата промена ќе значи подолг работен век и дополнителен притисок врз работниците. Особено постои загриженост кај лицата што работат во физички напорни дејности, каде што продолжувањето на работниот век се смета за нереално.

Дел од јавноста реагира дека ваквите мерки може да доведат до намалување на квалитетот на живот по пензионирањето, но експертите  укажуваат дека зголемувањето на старосната граница е тренд во повеќето европски земји.

ИЗДВОЕНИ