понеделник, јуни 15, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Плата од 7.000 евра месечно, се бараат работници во повеќе сектори

Плата од 7.000 евра месечно, се бараат работници во повеќе сектори

114

Просечна плата од околу 7.000 евра месечно и огромна побарувачка на работници, ова е реалноста во една од најразвиените европски економии, која сè повеќе привлекува странска работна сила.

Во последниве години, Швајцарија станува магнет за луѓето што бараат подобар животен стандард, пред сè поради високите примања и стабилниот пазар на трудот. Интересот дополнително расте затоа што релативно брзо може да се најдат работни позиции во повеќе сектори.

Според податоците објавени од „Бизнис-инсајдер“, просечната годишна бруто- плата за полно работно време изнесува околу 78.000 швајцарски франци, односно приближно 83.000 евра. Во одредени сектори како што се финансиите, ИТ, инженерството и медицината, примањата се уште повисоки и достигнуваат од 90.000 до 140.000 евра годишно.

Во моментов, најголема побарувачка има во здравството, угостителството, хотелиерството, градежништвото, транспортот и во логистиката. Особено се бараат ИТ-специјалисти, медицински сестри и квалификувани работници, а во многу случаи вработувањето е можно речиси веднаш.

Највисоките примања се концентрирани во поголемите економски центри како Цирих, Женева и Базел, каде што се наоѓаат бројни меѓународни компании, финансиски институции и организации. Овие градови важат за едни од најплатените во светот.

Бидејќи локалната работна сила не ги задоволува потребите, компаниите во голема мера се потпираат на странски кадар. Се проценува дека секоја трета компанија има недостиг од работници, додека кај големите компании тој број е уште поголем. Токму затоа се нудат конкурентни услови и можности за брзо вработување.

– Најважно е доброто образование. Ако сте подготвени да работите, може добро да заработите за живот – вели Матијас Остерман, кој живее таму повеќе од три децении.

Работната недела најчесто се движи меѓу 38,5 и 42,5 часа, а правилата за работно време и празници строго се почитуваат.

Сепак, високите плати одат рака под рака со високите трошоци за живот. Киријата, здравственото осигурување и секојдневните трошоци се значително повисоки отколку во многу други европски земји, но односот меѓу приходите и трошоците останува поволен.

За илустрација, билетот за кино чини околу 20 франци, оброкот во ресторан околу 25 франци, а месечната членарина за вежбалница околу 85 франци. Киријата за двособен стан во централните делови на поголемите градови започнува од околу 1.000 до 2.000 франци.

Покрај финансиските услови, оваа земја нуди високо ниво на безбедност, стабилна економија и квалитетен живот, што ја прави атрактивна и за семејствата и за луѓето што бараат долгорочна кариера во странство.

ИЗДВОЕНИ