Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврнал во Струмица, каде се измерени 25 литри на квадратен метар, додека минимална температура од нула степени е регистрирана на Попова Шапка, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Температура од 2 степени е измерена во Маврови Анови, 4 во Крушево и Лазарополе, а 6 степени во Претор и Куманово.
Во Прилеп се измерени 6 степени, додека 7 степени имало во Тетово, Берово, Крива Паланка, Штип, Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Виница, Битола и Велес. Најтопло утрово било во Гевгелија, со измерени 10 степени.
Според измерените количини на врнежи, по Струмица следуваат Виница со 24 литри на метар квадратен, Демир Капија со 20, Штип и Крива Паланка со по 19, како и Гевгелија со 18 литри на метар квадратен.
Во Кавадарци наврнале 16 литри на метар квадратен, во Претор 15, во Битола и Крушево по 13, а во Велес 11 литри на метар квадратен.
Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на метар квадратен.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.












