Хајди Клум уште еднаш ја потврди својата титула – кралица на Ноќта на вештерките, трансформирајќи се во џиновска, крвава отсечена рака на својата традиционална забава во Њујорк, по повод празникот.
Педесет и тригодишната поранешна манекенка пристигна на настанот сосема непрепознатлива, во костим што го опишаа како нејзината отсечена лева рака, со крвави и реалистични детали и со лице трансформирано со шминка. Клум открива дека за изработката на костумот биле потребни дури 20 луѓе.
– Беа потребни многу раце за да се направи оваа рака. Мислам дека беа потребни меѓу 10 и 20 раце – изјави таа пред новинарите додека позираше.
Оваа година се одбележа 25-годишнината од забавите на Клум за Ноќта на вештерките, кои секоја година собираат познати личности од целиот свет, облечени во најнеобични, најстрашни и најкреативни костими. Клум никогаш не се двоуми кога станува збор за маскирањето за најстрашната ноќ во годината. Меѓу нејзините претходни трансформации се костимите на црв, медуза и принцезата Фиона од филмовите „Шрек“.












