недела, ноември 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ужасен инцидент на семафори во населбата „Ѓорче Петров“: Три машки лица извршиле...

Ужасен инцидент на семафори во населбата „Ѓорче Петров“: Три машки лица извршиле брутален физички напад врз возач застанат на црвено

118

Во вечерните часови на 31 октомври на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров, каде што група мажи извршиле брутален физички напад врз возач кој застанал на семафори.

Според официјалните информации од СВР Скопје, 34-годишниот О.А. од скопското село Сарај во 20:15 часот пријавил дека додека мирно се наоѓал во своето патничко возило марка „фолксваген“ чекајќи зелено светло на семафорите, крај него застанало друго возило од кое нагло излегле три непознати машки лица. Напаѓачите со употреба на физичка сила го извлекле возачот надвор од неговиот автомобил и го нападнале, при што користеле и тешки метални предмети, нанесувајќи му повреди, додека во исто време со ударите го оштетиле и неговото возило.

По пријавувањето на случајот, надлежните полициски служби веднаш преземаат интензивни оперативни мерки, истражни активности и вештачења со цел целосно расчистување на инцидентот, идентификација на сторителите и нивно приведување пред лицето на правдата.

ИЗДВОЕНИ