недела, ноември 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Контрола во угостителски објект во Карпош поради точење алкохол на малолетници: Малолетник...

Контрола во угостителски објект во Карпош поради точење алкохол на малолетници: Малолетник е пренесен на клиниката за токсикологија, а шест лица се приведени

0

На 1  ноември полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, ЕВР – ОКР Карпош, постапувајќи по претходно добиени сознанија за точење алкохолни пијалаци на малолетни лица во угостителски објект на подрачјето на општина Карпош, извршиле контрола во објектот, при што затекнале малолетни лица во видно алкохолизирана состојба.

Од МВР инфомираат дека во Полициската станица Карпош биле приведени осум лица. При извршеното алкотестирање кај сите осум лица било утврдено присуство на алкохол во организмот.

Едно лице кое било присутно во угостителскиот било пренесено на Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик – „Точење алкохолни пијалаци на малолетници“, информираат од МВР

ИЗДВОЕНИ