недела, ноември 1, 2026
Дома СВЕТ Песков: Брисел ја затвора вратата за дијалог со Москва

Песков: Брисел ја затвора вратата за дијалог со Москва

0
Фото: EPA/RAMIL SITDIKOV/REUTERS POOL

Изјавите од Европската унија во врска со потребата да ѝ се нанесе стратешки пораз на Русија го оневозможуваат дијалогот со Брисел, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сега гледаме двајца лидери (финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе) кои одлучија да стапат во разговори како претставници на своите држави, додека речиси сите други – а, што е најважно, и Брисел – продолжуваат да зборуваат исклучиво за нанесување стратешки пораз на Русија. Со таков пристап, невозможно е да се води разговор со нив“, оцени Песков.

Според него, Европа би требало да биде на преговарачката маса кога станува збор за решавање на ситуацијата во Украина; сепак, со оглед на нејзиниот моментален пристап, таквото учество би било бесмислено.

ИЗДВОЕНИ