петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН Влатко и Златко Миладиноски свират и емотивно пеат за нежната Македонка Михаела...

Влатко и Златко Миладиноски свират и емотивно пеат за нежната Македонка Михаела од Италија – браќата со нов летен хит!

1

Прекрасна девојка, ќерка на мои пријатели, со име кое речиси и да не било опеано во македонската народна и забавна музика!

Популарниот Влатко Миладиноски повторно создава корисна еуфорија. Тој, деновиве, ја израдува многубројната публика со новата песна, која е едноставно насловена по убавото женско име Михаела. Заедно со својот брат, Златко Миладиноски, и неговиот оркестар, создадоа уште една убава песна која му одговара на секое уво, без разлика на годините.

Текстот за песната го напиша струмичанецот Ѓорѓи Калајџиев, додека сценографијата за видеоспотот е дело на Зоран Тошевски. Интересното видео е во продукција на „Мунлајт“. Дел од кадрите се снимаа дури и во Италија, со цел целата приказна да добие уште повпечатлива визуелна емоција, додека во нашето Валандово биле комплетирани финалните сцени од спотот.

Карактеристичен музички белег во песната остава и гитаристот Петар Ренџов, чии делови биле снимани во Скопје. Според тоа што можеше да се види зад камерите, публиката наскоро ќе добие уште една модерно-визуелно богата фолк-приказна, која ги има сите адути да стане летен музички хит. Љубителите на македонската фолк-музика можат да бидат презадоволни.                  – Песната е посветена на една вистинска Михаела, нежна, убава, девојка која живее во Италија. Прекрасна девојка, ќерка на моите пријатели, ја открива приказната расположениот Влатко, велејќи дека името „Михаела“ досега речиси I да не било опеано во македонската народна и забавна музика.

(Д. М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ