петок, октомври 30, 2026
Дома МАГАЗИН Поранешната новосадска „Фрајла“ ќе ја промовира новата песна „Нико“ и во Македонија

Поранешната новосадска „Фрајла“ ќе ја промовира новата песна „Нико“ и во Македонија

19

Миленичката на македонската публика, Марија Мирковиќ, поранешната пејачка во новосадската група „Фрајле“, по подолга пауза, има нова песна. Позната е и како девојка со гитара. Со новата песна насловена „Нико“, Марија им се враќа и на своите фанови во Македонија. Притоа таа најавува скорашен настап во Македонија, со промоција на новите песни од овој нов албум, како и средба со македонските новинари кои нестрпливо ја чекаат. Новата песна е една од многу песни кои се наоѓаат на нејзиниот нов албум „Ел Греко“. Песната „Нико“ освојува уште при првото слушање. Станува збор за песната што Марија ја создаваше при годинашното подолго летување во Грција, при што често ги посетувала тамошните таверни во кои наоѓаше одлична инспирација. Музиката ја напиша самата Марија, текстот е дело на Беба Балашевиќ, ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ, додека за аранжманот е заслужен Хрвоје Домазет.

(Д. М.) фото:ФБ

 

 

ИЗДВОЕНИ