Тимот на Астон Мартин во Формула 1 се соочува со големи проблеми. Имено, Ф1- изворот, Дејвид Крофт, наведе за „Скај спортс“ дека во моментов има криза во редовите на Астон Мартин и дека владее хаос таму.
Сопственикот Лоренс Строл имал исклучително големи очекувања, поради што формирал одличен тим инженери и го поставил Адриан Њуи на кормилото, но погонската единица на Хонда буквално ги убива надежите на Фернандо Алонсо и на Ленс Строл.
Поради прекумерни вибрации, тие морале да ги пуштат рацете од воланот, да возат со ризик да им бидат оштетени нервните завршетоци на рацете, поради што не ги завршија трките од почетокот на сезоната.
Дејвид Крофт нагласува дека ситуацијата е катастрофална и дека меѓучовечките односи не се на високо ниво, па се споменува дека Адриан Њуи се посрамотил првпат во својата кариера, дозволувајќи да се најде во таква ситуација.











